Работник паднал од покрив додека работел на црквата „Покровение на Богородица“

Вчера попладне во полициска станица Свети Николе било пријавено дека околу 10 часот Д.Т. (65) од с. Каласлари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата „Покровение на Богородица“ во с. Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

ИЗВОР

Visits: 121

Posted in Несреќи при работа and tagged , .