Работник од Куманово итно пренесен во болница

Кумановчанец се здобил со тешки повреди додека бил на работното место, па итно бил префрлен во болница.

Во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Ургентен центар Куманово однеле едно лице кое се повредило при работа во фабрика во Куманово. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за 34-годишниот А.Н. од Куманово.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле екипа од СВР Куманово и Инспектор за безбедност и здравје при работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: https://press24.mk/rabotnik-od-kumanovo-itno-prenesen-vo-bolnica

Visits: 142

Posted in Несреќи при работа.