Тешко повреден работеник во фабрика во Кочани

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во фабрика во Кочани, Т.Н.(50) од с.Оризари, кочанско, додека извршувал работни задачи, се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: https://kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-rabotenik-vo-fabrika-vo-kochani/

Visits: 135

Posted in Несреќи при работа.