Повреден тракторист во село Љуботен

Скопјанец бил итно пренесен во болница откако тракторот му се придвижил и го повредил. Несреќата се случила вчера во атарот на скопското село Љуботен.

Во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на местото викано „Јарзиц“, во атар на селото Љуботен, скопско, 76-годишниот Р.С. од селото ри обид рачно да стартува мотор на трактор „ИМК 539“. Тракторот се придвижил кон Р.С. и го повредил. Подоцна тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

ИЗВОР https://www.slobodenpecat.mk/povreden-traktorist-vo-selo-luboten/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Visits: 120

Posted in Несреќи при работа.