Несреќа во Штип: Загинал градежен работник откако го потрупало песок

Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски за МИА информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип.

Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.

Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата.

ЛИНК

Visits: 144

Posted in Несреќи при работа.