Почина работник по несреќа во каменолом кај Штип

Во СВР Штип вчера во 8:35 часот од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено починато лице.

Од увидна екипа од СВР Штип во содејство со ОЈО Штип и Трудов инспектор бил извршeн увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во 7:45 часот Љ.А.(52) од Штип паднал при извршување на работни задачи во каменолом, после што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ЛИНК

Visits: 148

Posted in Несреќи при работа and tagged .