ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА 2019

И оваа година МЗЗПР  како и претходнитего изработи годишниот извештај за несреќи при работа. И оваа година заклучуваме дека бројните институции се борат со својата улога која треба да ја имаат во создавањето на превентивна култура, засенети од бројните политички превирања и несигурности кои во континуитет го истоштуваат нашето општество. Овој општествен замор допринесува многумина својата работна сила да ја понудат надвор од нашите граници, а со тоа директно да го разнишаат пазарот на трудот

Со желба да што е возможно побрзо заврши светската пандемија и светот да го изгради својот одбранбен систем, размислете следниот пат кога ќе ги рангирате приоритетите во животот, на кое место ќе ја ставите заштитата при работа…

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА НЕСРЕЌИ ЗА 2019 ГОДИНА

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, преку своето Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, како и секоја година и овој пат, ја објавува Информацијата за повреди на работа 2018/2019 година. Податоците покажуваат дека во 2019 година се регистрирани 1.121 повреда на работа, со стапка од 141,0 повреди на 100.000 работници

Visits: 221

Posted in Новости.