Работник тешко повреден од работна машина во фирма во Илинден

На 29.07.2020 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” бил донесен повреден Б.Ј.(40) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредениот на 28.07.2020 тој бил повреден на работно место во фирма на ул.„24″ во скопската населба Илинден од работна машина управувана од З.Д.(59) од Скопје.

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

ЛИНК

Views: 58

Posted in Несреќи при работа.