Тројца повредени во тракторска несреќа

Три лица се повредени откако вчера попладне се превртил трактор на земјен пат за с.Габреш, во с.Кучкарево, кумановско.

Како што соопшти МВР, Д.Н.(75) од с.Кучкарево, управувајќи трактор „ИМТ 533“, со скопски регистарски ознаки, во кое како сопатници се превезувале В.Д.(58) и Ј.З.(82), двајцата од с.Кучкарево, изгубил котрола и удрил во земјена површина и се превртел.

Во незгодата, Ј.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Н. и В.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

ЛИНК

Visits: 68

Posted in Несреќи при работа.