Teшко повреден работник во скопска фирма

Педесет и седум годишен работник од скопско Стајковци се здобил со тешки телесни повреди, според неговото кажување, при извршување работни задачи во фирма на ул. „Перо Наков“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје вчера во девет часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Б.С.(57) од с.Стајковци, скопско, според чие кажување околу 08.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Перо Наков“, каде бил вработен, се лизнал и паднал. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во дневниот Билтен на МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор.

ЛИНК

Visits: 76

Posted in Несреќи при работа.