Тешко повреден тракторист откако со тракторот паднал во дол

Жител на селото Бориево се излизгал од патот управувајќи трактор со приколка и паднал во дол.

Несреќата се случила на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, на планината Огражден помеѓу Струмица и Берово.

„На 09.08.2020 во 07.30 часот било пријавено дека на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В.(31) од с.Бориево, управувајќи трактор со приколка, се излизгал од патот и паднал во дол. С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.“ – Стои во соопштението од МВР

ЛИНК

Visits: 67

Posted in Несреќи при работа.