На Табановце повреден полицаец – автомобил удрил во кабина за пасошка контрола

Полициски службеник е повреден на работното место откако автомобил удрил во кабина за пасошка контрола на граничниот премин Табановце.

Синоќа во 22.30 часот на автопат Табановце – Куманово, на Граничниот премин Табановце, синоќа во 22.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р.(47) од с.Желино, патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(18) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Истибања, виничко.

Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф.. Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.

ИЗВОР

Visits: 67

Posted in Несреќи при работа.