Работник од Лакавица тешко повреден од багер

Со тешки телесни повреди се здобил еден работник од штипското село Лакавица при изведување на работни задачи, соопшти МВР.

16. 12 2020 во 13:45 часот било пријавено дека околу 12:30 часот во с.Таренци, штипско, при изведување работни задачи, од работна машина-багер бил повреден Ѓ.И.(42) од с.Лакавица, штипско, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Извор

Visits: 51

Posted in Несреќи при работа.