Полицаец повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Полицаец е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје помеѓу автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М. Т. С. (52) од Скопје, и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР.

Полицискиот службеник, кој управувал со мотоциклот, бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани повреди.

Увид на местото на незгодата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител

ЛИНК

Visits: 27

Posted in Несреќи при работа.