КОВИД-19: Безбедност и здравје при работа за здравствени работници

Почитувани,

Овој документ е ажурирана верзија на привременото упатство на Светската здравствена организација (СЗО), Пандемија на коронавирусна болест (КОВИД-19): права, улоги и одговорности на здравствените работници, вклучително клучни аспекти на безбедноста и здравјето при работа, од 18 март 2020 г. (1). Оваа верзија, која се заснова врз нови докази, дава насоки за мерки за безбедност и здравје при работа за здравствени работници и за услуги од медицина на трудот во контекст на пандемијата на КОВИД-19. Исто така, се ажурираат правата и одговорностите за безбедност и здравје

Како што ќе можете да приметите акцент се става на Проценката на ризик која треба да се „изработи и редовно да се ажурира следбено на вирусот САРС КоВ 2 на работното место“, нешто што МЗЗПР и ИЈЗ го направија уште минатата година (август 2020) преку публикување на Методологијата за проценка на ризик на работното место при изложеност на САРС КоВ 2 вирусот, a во линија со одлуките на Европската комисија која им наложи на работодавачите да ги ажурираат проценките на ризик vis-a-vis новата биолошка штетност. Ова е периодот кога колегите од другите здруженија зборува дека тоа не е потребно.

Ажурирањето на проценките на ризик потребно е да го направат и нашите работодавачи, (Владата и МТСП да ги потсетат) а ДИТ да го врши надзорот врз оваа активност.

Прочитајте и применете,

ВРСКА

Views: 169

Posted in COVID 19, Новости.