СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЗР – РЕЗИМЕ МОТ

ПРЕДВИДЕТЕ ГИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ И ОДГОВОРЕТЕ НА КРИЗИТЕ
ИНВЕСТИРАЈТЕ СЕГА ВО СИЛНИ СИСТЕМИ ЗА БЗР

Пандемијата на КОВИД-19 има тешки последици за речиси сите аспекти на светот на работата – од непосредната закана за заразување со вирусот до широко распространетите загуби на работните места во клучните сектори, затворањето на претпријатијата, ограничувањата на движењето и авионскиот сообраќај, забраните за напуштање на домовите, затворањето на училиштата и влијанијата врз глобалните синџири за снабдување.
Овие брзи промени во одговор на пандемијата резултираат со високи нивоа на невработеност, загуби на работните часови и затворени претпријатија и несигурно вработување за голем број работници. Неформалните работници и претпријатија се особено чувствителни за време на кризата на ризици за безбедноста и здравјето при работа (БЗР) бидејќи немаат доволна заштита.

ВРСКА

Visits: 173

Posted in COVID 19, ILO, Новости, Публикации.