Се запали локомотива кај Гевгелија, машиновозачот повреден

Во текот на вчерашниот ден околу 09:25 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека на Железничка станица „Смоквица” се запалила локомотивата на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Гевгелија, а на машиновозачот му е укажана лекарска помош од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

ЛИНК

Visits: 38

Posted in Несреќи при работа.