Гостиварец загина при извршување на градежни работи

Педесет и шестгодишен маж од селото Градец, загина откако врз него паднал дел од плочата од куќа која била во фаза на реконструкција.

Несреќата, како што соопшти полицијата, се случила синоќа во дом сопственост на Ќ.С.(56), во селото Добри Дол, Гостиварско.

„Констатирана е смрт кај Р.А.(56) од селото Градец, Гостиварско на кој, според пријавеното, при извршување градежни работи паднал дел од плочата од куќата. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР.

ЛИНК

Visits: 19

Posted in Несреќи при работа.