Загина градежен работник во Свети Николе

Загина градежен работник од Свети Николе. Од МВР информираат дека вчера околу 9.00 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека работникот Д.С. (66) се здобил со тешки телесни повреди при изведување градежни работи во објект на фирма од Штип.
Тој бил пренесен во Клиничкиот центар Штип, каде подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, трудови инспектори и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ЛИНК

Visits: 28

Posted in Несреќи при работа.