Повредени полицајци во сообраќајка, додека вршеле увид на друга сообраќајна несреќа

Денеска во 16:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, во правец од село Арачиново кон село Сарај, пред село Смилковци, додека полициски службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајна незгода во која Р.А.(32) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ,,ман“, со полуприколка „шмидс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило „бмв“, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР.

Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Бил извршен увид на местото.

ЛИНК

Visits: 33

Posted in Несреќи при работа.