Повреден полициски службеник во сообраќајна незгода кај Строгомиште, Кичевско

Полициски службеник е повреден во сообраќајна незгода на локалниот пат за село Строгомиште, Кичевско, помеѓу мотоцикл кој тој го управувал со регистерски ознаки сопственост на МВР и патничко моторно возило марка „Форд” со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.Б. (27) од Република Албанија.

Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира дека во незгодата која е пријавена во неделата 08. 08. 2021 околу 16:30 часот, со телесни повреди се здобил полицискиот службеник што биле констатирани во медицинскиот центар во Кичево. Увид на самото место извршила екипа на ОВР-Кичево.

– За настанот известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, додаде портпаролот Димоски.

ЛИНК

Visits: 18

Posted in Несреќи при работа.