Извештај на несреќи при работа за 2021

Градењето на превентивната култура е на пиедесталот на делувањето на нашето Македонско Здружение за Заштита При Работа. Таа култура е постулатот на кој за целото постоење на нашето здружение се бориме. Пандемијата од претходната година продолжи и во 2021 г. со целата своја жестина и ја покажа во целост потребата од градење на систем на превенција, вистински систем, систем на преофесионалност, заедништво и неполитизираност.

Постепеното отварање во 2021, ги зголеми активностите во реалниот сектор,но и бројот на несреќи при работа и несреќите со смртен исход. Ако според Меѓународната Организација на Труд, 4% од БДП во сиромашните земји оди во компензација на повредите, тоагаш директните загуби кои ги трпи Македонија се над 400 милион евра, фрапантна бројка, која во време на здравствена, енергетска и економска криза е нешто што нашата кревка економија не смее и не може да си го дозволи. Во извештајот кој е пред Вас, ќе видите дека трендот на зголемување на несреќите при работа е во нагорна линија, што очигледно покажува дека сите засегнати страни во овој процес потфрлиле…

ЛИНК

Visits: 62

Posted in Новости.