МАКЕДОНСКИ КАМИОНЏИЈА ПОВРЕДЕН ВО ГЕРМАНИЈА

Двајца возачи на камиони, еден од нив од Македонија, се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Германија што се случи вчераутро на автопатот А2 кај клучката Дортмунд – Северозапад во правец на Хановер, пренесуваат германските медиуми.

Според првичните сознанија на полицијата од Дортмунд, 58-годишник од Гетинген морал да го забави камионот поради застој во сообраќај. Зад него 54-годишник од Дортмунд навреме ја проценил ситуацијата и го запрел камионот, но, од сè уште неразјаснети причини, 44-годишник од Македонија очигледно предоцна го забележал тоа и со својот камион влетал во камионот пред себе. Тој потоа удрил во заштитната ограда на средина од автопатот и таму застанал.

Силата на ударот првично го турнала камионот на 54-годишниот жител на Дортмунд во товарното возило на 58-годишниот возач од Гетинген што чекал. Оттаму се завртел со својот камион, се удрил во банкината и се превртел на левата страна.

На местото на настанот бил повикан спасувачки хеликоптер. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Дортмунд, а полесно е повреден возачот од Македонија. И двајцата со возило на брза помош биле пренесени во блиските болници.

ЛИНК

Visits: 24

Posted in Несреќи при работа.