Работник почина од струен удар во фабрика во Струшко

Маж вработен во фабрика бил пронајден починат во дворот на објектот, во близина на  електричeн ормар, соопшти МВР.

„На 27 мај во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во селото Враништа, Струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар“, велат од полицијата.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

ЛИНК

Visits: 20

Posted in Несреќи при работа.