Нападнат и повреден полицаец

Вчера околу 11 часот во Битола, на улицата „Ѓорче Петров“, поради сторени сообраќајни прекршоци, полициски службеник сопрел автомобил „Лада“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот битолчанец Ш.Х.

По краток разговор со полицаецот, Ш.Х. го стартувал возилото и се дал во бегство. Со службено возило неколку полициски службеници се упатиле по неговиот автомобил и со светлосни и звучни сигнали му издале наредба да запре.

– Кога застанал, на Ш.Х. му било кажано да ги извади и предаде регистарските таблици на кои им била истечена важноста, по што тој агресивно ги истргал од возилото и со нив неколку пати го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата, нанесувајќи му телесни повреди – соопштуваат од МВР.

Други двајца полициски службеници, кои се обиделе да му пружат помош на полицискиот службеник при обидот да го донесе Ш.Х. во состојба на послушност, биле физички спречени со туркање и влечење од страна на тројцата сопатници од автомобилот „Лада“.

По кратко време на местото пристигнала групата за интервенција, по што лицата биле спречени во понатамошните дејствија.

Во полициската станица приведени биле лицата Н.А. (49), Н.Х. (52) и С.Х. (23), сите од Битола.

По целосно комплетирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава

Visits: 51

Posted in Несреќи при работа.