Медиа натпревар за млади од 15-24 год

Почитувани,

Меѓународната организација на трудот организира медиа натпревар за млади од 15-24 години. Централна тема која што треба да биде опфатена е: Oпасности поврзани со работата во секојдневниот живот и  како младите во заедницата во која живеат или работат се грижат за безбедноста и здравјето при работа.

Може да се учествува со: песна, постер или фотографија, текст, видео или по сопствен избор.

Награда: Учество на Светскиот Конгрес во Сингапур од 3-6 септември (за лицата под 18 година-сертификати од МОТ)

Не постои ограничување за бројот на пријави од едно лице, иако станува збор за индивидуален натпревар.

Kрајниот рок за поднесување: 30 јуни 2017 година

Повеќе информации на: https://www.ilo.org/safeyouth/en/

Целта на овој медиа натпревар е да се подигне свеста, да се изгради генерација на безбедни и здрави работници!

Visits: 187

Posted in ILO, Новости.