Соочени со пандемија: Грижа за безбедноста и здравјето на работа

Македонското здружение за заштита при работа како дел од своите активности во одбележувањето на 28 април – Светскиот ден за БЗР и борбата против ширењето на Ковид 19, во соработка со националната канцеларија на МОТ, го направи преводот и техничкото уредување на публикацијата „Соочени со пандемијата: Грижа за безбедноста и здравјето при работа“.  

Во текот на изминативе две децении, светот се соочи со избивање на низа инфективни болести со голема брзина на трансмисија.
Во моментов се забележува пораст во однос на загриженоста за континуираниот раст на КОВИД-19 инфекциите во одредени делови на светот, како и способноста за одржување на стапката на опаѓање во други делови. Владите, работодавачите, работниците и нивните организации се соочуваат со огромни предизвици во борбата со КОВИД-19 пандемијата и заштита на безбедноста и здравјето при работа. Покрај непосредната криза, постојат загрижености и во однос на продолжувањето со дејноста на начин кој го поддржува постигнатиот напредок во сузбивањето на трансмисијата.
Во овој извештај се нагласуваат ризиците по безбедноста и здравјето при работа (БЗР ризиците) кои произлегуваат од ширењето на КОВИД-19. Воедно, се разгледуваат и мерките за спречување и контролирање на ризикот од заразување, психосоцијалните ризици, ергономските ризици и останатите ризици поврзани со безбедноста и здравјето при работа, а во врска со пандемијата.

Во Стогодишната декларација на Меѓународната организација на трудот усвоена во јуни 2019 година се наведува дека безбедните и здрави работни услови се фундаментални за достоинствено работење. Ова е особено значајно денес со оглед на фактот што зачувувањето на безбедноста и здравјето при работа е од суштинско за справувањето со пандемијата и способноста да се продолжи со работењето.

МК ILO_SafedayReport_COVID19-R11 

Visits: 258

Posted in COVID 19, ILO, Новости, Публикации.