Napo in When stress strikes

Стресот на работа предизвикува висок процент на изгубени работни денови, а бројот на лица кои страдаат од стрес поврзан со работата се зголемува.

Напо идентификува некои од причините за стрес на работа во неговиот традиционален хумористичен стил, вклучувајќи ги и прекумерните барања, постојаниот притисок, неприфатливото однесување, недостатокот на почит, лошото планирање и контрадикторните упатства кои доведуваат до грешки, замор, изгорување, исцрпеност и слаби резултати.

Психосоцијалните ризици на работа можат успешно да се менаџираат, а управувањето со ризиците ја подобрува благосостојбата на работниците и работата на компаниите. Клучот е во превенцијата. Видеото е дизајнирано за сите работни средини и има за цел да отвори дискусија за некои од најтешките прашања со кои се соочуваат работниците, менаџерите и супервизорите.

 

 

Views: 269

Posted in EU OSHA, Новости.