Ipsos беше нарачан од Европската агенција за безбедност и здравје при работа, во јуни 2018 година за да направи евалуација на активностите за комуникација, вмрежување и вклучување на чинители (CNSE). Активностите кои беа оценети се: Кампања за здрави работни места за сите возрасти: 2016-2017 (активност 4.3), Акции за подигнување на свеста и комуникација (Активност 4.7) и Стратешко и оперативно поврзување (Активност 6.4). Евалуацијата го опфати периодот 2014-2017, но со главен фокус на 2016-2017 година.
Целта на евалуацијата беше да се добие целосен увид во начинот на кој Агенцијата работи во врска со ангажирањето на засегнатите страни во поширока смисла, а особено во процесот помеѓу идентификување на потребите и ажурирање на производите и услугите на Агенцијата, што опфаќа: процеси поврзани со ангажирање на засегнатите страни; корисноста на обезбедените алатки и ресурси; функционирањето на различните мрежни пристапи; и степенот до кој потребите на засегнатите страни постојано се рефлектираат во работата и испораките на Агенцијата.
Целосниот извештај на следниот линк:
Евалуација на EU OSHA комуникација, вмрежување и вклучување на засегнатите страни
Views: 236